Повеќекратниот италијански фудбалски шампион Јувентус не блеска оваа сезона, иако на кормилото се врати трофејниот тренер Масимилијано Алегри, кој пет години седеше на клупата кај „старата дама“ и освои пет Скудета. Последните порази на Јувентус од Сасуоло и Верона дополнително ја нарушија атмосферата во клубот. Тренерот Алегри се одлучи пред престојните два предизвици во оваа недела, против Зенит и Фиорентина тивот го стави во карантин за да мине што повеќе време со играчите и да проба да ги реши проблемите, со враќање на самодовербата.
„Газета Дело Спорт“ пренесува дека популарниот Макс е разочара од шест играчи Адриен Рабио, Дејан Кулушевски, Родриго Бентанкур, Алваро Мората, Моизе Кен и Артур кој само што се врати во конкуренција за тимот по повредата. Алегри смета дека средниот ред и нападот можел да направи многу повеќе во актуелнава сезона. Мората има само три гола, Кен еден помалку со тоа што кога е во прашање овој вториот тренерот не е задоволен од неговото однесување, став кој важи и за Кулушевски. Рабио и Бентанкур играа под нивното ниво, а пак Артур кој за првпат стартуваше против Верона направи грешка по која му овозможи на противникот да даде гол.