„ Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација“, велат од кабинетот на Заев за „Танјуг“.
Оттаму додаваат дека Северна Македонија ќе биде претставена на средбата во Белград, а другиот политички претставник ќе биде одреден денеска или утре.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на климатскиот самит, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со македонскиот претседател, Стево Пендаровски.
„ Силна поддршка за Отворен Балкан. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „БудуќностСрбија“, со фотографии од Глазгов, пред почетокот на Самитот COP26.