Хрватскиот фудбалски прволигаш Хајдук за кого настапува македонскиот репрезентативец Јани Атанасов остана без тренер откако раковдството на клубот одлучи да му се заблагодари за соработката на шведскиот стратег Јенс Густафсон. Според хрватските медиуми како еден од кандидатите да седне на клупата кај „белите“ еи поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски – Мрме, кој „црвено-жолтите“ ги одведе до историски настап на завршница од ЕП-2020. По завршувањето на ЕП летово, Ангеловски е без ангажман.
Хајдук вчера загуби од Славен Белупо, па Густафсон кој ја водеше екипата од 28 мај и на вкупно 17 мечеви забележа учинок од 9 победи, 3 нерешени и 5 порази, доби отказ. Од Сплит порачаа дека името на новиот тренер ќе биде објавено во текот на оваа недела.