Ко-лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Милан кој има ист број на бодови по 31 со Наполи, но послаба гол-разлика, синоќа прокнижи нова гостинска победа во Рим во дербито од 11. коло на гостувањето кај Рома (2:1). Јунак на натпрераврот беше повратникот во тимот искусниот 40-годишен шведски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ.
Фудбалскиот ас Ибра-гол постигна водечки погодок од слободен удар во 26. минута за Милан, а во средината на вториот беше во главна улога по што беше досуден пенал од кој Кеси зголеми на 2:0, по што Ибрахимовиќ го напушти теренот. На заминувањето кон соблекувалната навивачите на Рома го испратија со концерт од свирежи како и што го дочекаа пред почетокот на мечот. Навивачите на Рома го исвиркуваа Ибрахимовиќ при секој негов контакт со топката, а во неколку наврати и го навредуваа нарекувајќи го „Циган, циган“…
Ibrahimovic calling Roma fans to sing louder after scoring his goalpic.twitter.com/Rz6ZTDaZnT
— Milan Eye (@MilanEye) October 31, 2021



