Техеран денеска ја отфрли заедничката изјава на лидерите на четирите западни земји од маргините на состанокот на Г20 во Рим за иранската нуклеарна програма.
Лидерите на САД, Франција, Германија и Велика Британија изразија „длабока загриженост” за иранските нуклеарни активности и го повикаа Техеран да „го промени курсот”.
Преговорите меѓу Иран и европските земји кои потпишаа нуклеарен договор со Техеран во 2015 година од јуни се во застој. САД еднострано се повлекоа од договорот.
Иран, кој инсистира на развој на нуклеарна програма исклучиво за мирнодопски цели, ги прекрши ограничувањата за збогатување ураниум поставени во договорот.