Ако им се верува на медиумите од Острово се поизвесно е дека Антонио Конте ќе се врати во англиската премиерлигашка конкуренција и ќе седне на испразнетото место од тренерската клупа кај Тотенхем. Според медиумите Конте ќе потпише договор со Тотенхем до 2023 година, а раководството на тимот од Лондон на располагање ќе му стави голем буџет за засилување на тимот во следните два преодни рока. Италијанските медиуми пак откриваат дека главна трансфер цел на Конте ќе бидат две играчи на Интер со кои во изминатат сезона кога го освоија Скудетото трофејниот тренер имаше одлична соработка.
Станува збор за Марсело Брозовиќ, чиј договор со Интер истекува на крајот на сезоната, а Тотенхен ќе му понуди богат договор. Другиот играч е Стефан де Врај, кој под водство на Конте се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.Холанѓанецот е спремен да се пресели во Премиер лигата и повторно да работи со Конте, а се очекува Тотенхем за неговиот потпис да плати 40 милиони евра.