Најбогатиот човек на светот Илон Маск изјави дека ќе ги продаде сите акции на „Тесла“ и ќе го реши проблемот со гладот во светот, доколку некој од Светската програма за храна на ОН му објасни како тоа може да се направи со шест милијарди долари.
Тој го напиша ова како одговор на твитот од Илај Дејвид, водечки експерт за вештачка интелигенција, кој објави дека 2 отсто од вкупното богатство на Маск е шест милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН (WFP) собра 8,4 милијарди долари во 2020 година.
Дејвид го објави својот твит со линк до напис на Си-Ен-Ен со наслов „2 отсто од богатството на Илона Маск ќе го реши гладот во светот“, вели директорот на програмата за храна на ОН.
Fact check:
🔹 2% of @elonmusk's wealth is $6B
🔹 In 2020 the UN World Food Program (WFP) raised $8.4B. How come it didn't "solve world hunger"?— Dr. Eli David (@DrEliDavid) October 30, 2021
Дејвид праша како фактот што Светската програма за храна собра 8,4 милијарди долари минатата година не го реши проблемот со гладот во светот.
Маск одговори на неговиот твит.
„Ако WFP може да опише на Твитер точно како 6 милијарди долари ќе го решат гладот во светот, веднаш ќе ги продадам акциите на „Тесла“ и ќе го сторам тоа“, изјави Маск.
Нему му одговори Дејвид Бисли, извршен директор на WFP.
„Насловот не е прецизен. 6 милијарди долари нема да го решат гладот во светот, но ќе спречат геополитичка нестабилност, масовна миграција и ќе спасат 42 милиони луѓе на работ од глад. Ова е криза без преседан и совршена бура поради ковид/конфликт/климатска криза. Илон Маск, со ваша помош можеме да донесеме надеж, да изградиме стабилност и да ја промениме иднината. Ајде да разговараме: не е толку комплицирано како Falcon Heavy (авионот SpaceX на Маск), но е премногу голем влог за што барем би можеле да разговараме. Можам да бидам на првиот лет кон вас. Избркај ме ако не ти се допаѓа тоа што го слушаш!“
Маск повторно му одговори на Бизли, да објави детали за што троши пари организацијата за јавноста да може точно да види каде и како се потрошени парите.
Пред четири дена, шефот на Светската програма за храна на Обединетите нации изјави дека мала група богати поединци може да помогне во решавањето на гладот во светот со мал дел од своето богатство.
Маск, поседува богатство вредно 289 милијарди долари, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од неговиот имот. Богатството на американските милијардери е речиси двојно зголемено од почетокот на пандемијата.