Еден од најдобрите фудбалери на денешницава, Аргентинецот Лионел Меси по две децении поминати во Барселона летово замина од „Камп Ноу“ во Париз на „Паркот на принцовите“. Оваа преселба стигна откако Барселона која е во финасиска криза не можеше да му понуди продолжување на договорот, иако Меси која целата кариера и фудбалска слава ја стекна токму во шпанскиот гиган, беше расположае да остане да игра и за помала палта.
Откако претседателот на Барселона Жоан Лапорта му соопштил на Меси дека немаат можноста да ја продолжата соработката Аргентинецот беше принуден да си замин и кариерата се реши да ја продолжи во ПСЖ со кого има двегодишен договор.
-Би сакал да се вратам во Барселона како член на управата. Секогаш зборував дека сакам да помогнам на клубот на секој можен начин. Сакам да и помогнам на Барселона. Тоа е клуб кој искрено го сакам и на кој му посакувам се најдобро, вели Меси.
Иако се појавија информации дека од Меси било побарано да игра и без пари за да остане во Барселона, Аргентинецот открива дека нико таков нешто од него не побарал.
-Никој во Барселона не бараше од мене да останм и да играм бесплатно. Целта ми е до крајот на кариерата да освојам уште еден трофеј во Лигата на шампиони и се надевам дека тоа ќе се случи, вели Меси.
Во досегашниот дел од сезоната, Меси за ПСЖ одигра само осум натпревари во сите натпреварувања и има постигнато три гола и тоа во Лигата на шампионите, додека во Лига 1 се уште чека на првенецот.



