Оставката на Заев повлекува оставка на целата Влада

Со оставката на премиерот Зоран Заев, во оставка е и целата влада,  предвидува членот 93 од Уставот.

Во членот од Уставот, меѓудругото се наведува: Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта.

Според тоа, Владата останува на должност до изборот на нова Влада.

Според собранискиот деловник, Заев треба да ја поднесе оставката до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а тој оставката ја доставува до пратениците и претседателот на државата.

Во меѓувреме, СДСМ ќе треба да избере и нов партиски лидер.

Заев се повлече од двете функции синоќа, преземајќи одговорност за поразот на СДСМ на локалните избори.

Треба да знаете
Последни објави