Последните седум години се најтопли досега, предупредуваат експертите

Последните седум години, од 2015 до 2021 година, најверојатно беа најтопли досега, објави вчера Светската метеоролошка организација (СМО), предупредувајќи дека планетата влегува во непознат терен.

Годишниот извештај за климата откри дека нашата планета се менува пред нашите очи, коментира генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Од длабочините на океаните до планинските врвови, под немилосрдното дејство на топењето на глечерите и екстремните метеоролошки феномени низ целата планета, исчезнуваат екосистемите и планетарните популации.

„Конференцијата за климата, која започна во неделата во Глазгов и ќе трае две недели, треба да биде пресвртница за човештвото и за планетата“, додаде тој во изјавата.

Во првите девет месеци од 2021 година просечната температура се зголеми за околу 1,09 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период.

Поради влијанието на феноменот Ниња, кој ја спушти температурата на почетокот, годинава нема да биде соборен рекордот, сепак се очекува да биде меѓу петтото и седмото место.

Изминатите седум години повторно биле најтопли досега. Најжешка е сепак 2016 година.

Порастот на просечната температура во последните 20 години (2002-2021) првпат го надминува симболичниот праг од +1 степен Целзиусов од средината на 19 век, кога луѓето почнаа да користат фосилни горива на индустриско ниво.

Со сегашните трендови, експертите за клима на ОН предупредија дека границата од +1,5 степени Целзиусови може да се достигне околу 2030 година.

Само во 2021 година, светот беше погоден од екстремни временски услови, топлотни бранови во Северна Америка и Јужна Европа, разорни пожари во Канада и Сибир, леден бран во централниот дел на САД, обилни врнежи во Кина и западна Европа и суша што предизвика глад во Мадагаскар.

Треба да знаете
Последни објави