Вршителот на должноста тренер на фудбалскиот гигант Барселона, Серхи Барухан може в четврток да му го отстапи местото на Чави Хернандез. Серхи беше прекомандуван од вториот тим на Барса да го премости заминувањето по отказ поради слабите резултати на Холанѓанецот Роналд Куман до изнаоѓањето на конечно решение на клупата кај тимот од „Камп Ноу“.
Днеска од Шпанија стасува информација дека некогашната фудбалска легенда на Барселона, Чави се враќа во клубот, нпо како тренер и ќе биде промовиран в четврток, меѓутоа се напоменува дека нема да го води тимот за време на викендот против Селта.