Селекторот Бајиќ одбра 18 кошаркари за почетокот на мундијалските квалификациски натпреаври

Македонската кошаркарска репрезентација на крајот на месец ноември ќе ги почне квалификациите за Светското првенство во 2023 година и тоа со натпреаврите во групата против Шпанија и Украина. Мечеви се закажани за 26 и 29 ноември во Скопје и Киев, а за истите селекторот Драган Бајиќ  одлучи да повика 18 кошаркари. Првиот собир е закажан за 20. ноември во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје по што Бајиќ и неговите соработници ќе имаа простор да видат во каква форма се сите репрезентативни кандидати пред да биде формиран финалниот ростер.

Интересно е што на листата е и плејмејкерот на Валенсија, Ненад Димитријевиќ кој како што е познато е повреден и ќе отсуствува од терените околу шест седмици.

На списокот се најдоа следните кошаркари: Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром),Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром), Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Бобан Стајиќ (Пелистер), Стојан Ѓуроски (Пелистер), Љубомир Младеновски (Пелистер), Андреј Митревски (Феникс 2010), Виктор Ефремовски (Гостивар), Андреј Маслинко (ТФТ), Кирил Николовски (Кожув), Лејсон Зекири (Приштина-Косово), Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија), Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора).

Треба да знаете
Последни објави