Српските медиуми за оставката на премиерот Заев

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград.

Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција.

Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера”, а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години” објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде” пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми.

Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ” го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.

ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот” и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија”.

-Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ.

Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава.

Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан”, како и дека ќе дојде друг преставник од С Македонија.

Треба да знаете
Последни објави