Португалскиот фудбалски стартег Нуно Есипирито Санто доби отказ од англискиот премиерлигаш Тотенхем по серијата лоши резултати. Чашата со незадоволство кај раководството на Тотенхем ја прели убедливиот саботен пораз од Манчестер јунајтед (0:3). Санто го предводеше Тотнем на 17 меча во сите натпреварувања, а притоа оствари скор од девет победи, едно реми и седум порази,
По отказот за Санто кој дојде по само четири месеци откако пристигна во клубот се огласи и спортскиот директор Фабио Партичи.
-Знам колку Нуно со својот стручен штаб сакаше да успее и жал ми е што моравме да се одлучиме на овој чекор. Нуно е вистински џентлмен, секогаш е добредојден тука. Му се заблагодаруваме за се и му посакуваме се најдобро во иднина, стои во изјавата на Партичи на официјалниот сајт на Тотенехм.
Како главен кандидат за негов наследник на клупата кај тимот од Лондон се споменува италјанскиот стратег Антонио Конте кој е по освојувањето на Скудетото во Италија со Интер е без ангажман.