Кралицата Елизабета Втора е забележана за прв пат откако таа ја помина ноќта во болница минатата недела.
Таа денеска била видена како вози автомобил околу нејзиниот имот во Виндзор, истиот ден кога требаше да присуствува на самитот за климатски промени COP26 во Глазгов.
You can say whatever you want about the #QueenElizabeth but to me – she’s the greatest example of the person I’d like to be when I’m 96 years old!#Legend pic.twitter.com/RxPM3ZNzlU
— Bernard (@bernardgarby) November 1, 2021
Британската кралица носеше шал и темни очила додека седеше зад воланот на „јагуар“.
Лекарите ја советувале британската кралица да одмори уште две недели. За тоа време таа нема да оди во официјални посети, објави минатата недела Бакингемската палата.