Прекин на водоснабдувањето утринава од девет часот ќе имаат корисниците од улиците „Коце Металец“ и „Трифун Хаџи Јанев“ во Општина Гази Баба.
Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје соопштија дека прекинот е поради дефект на шахта на ул.„Коце Металец“ бб, кај СУГС „Панче Арсовски“. Ќе трае до завршување со санацијата.