Кијану Ривс ги изненади каскадерите од „Џон Вик 4“ со подароци

Кијану Ривс на својот тим каскадери во „Џон Вик: Поглавје 4“ им подари Ролекс часовници со посвета.

Брус Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кианг добија сребрени часовници со изгравирани лични пораки на внатрешната страна.

Како што пренесуваат американски медиуми, Ривс ги поканил на вечера во бистрото Paul Bert во Париз и таму им ги врачил подароците. На тој начин сакал да ја одбележат последната клапа од снимањето на филмот. Со овој гест, великодушнит актер сакал да им изрази благодарност за нивната соработка во филмот.

На секој часовник напишал посебна посвета: „За петтемина од Џон Вик, ви благодарам, Кијану“.

Четворицата каскадери споделија фотографии од вечерата, опишувајќи го снимањето и дружењето со Ривс како едно од најпосебните искуства во нивниот живот.

Џереми Маринас на својот Инстаграм го покаже својот нов Rolex Submariner, и напиша дека е најдобриот подарок што го добил досега.

Кијану е еден од ретките во Холивуд кои ја покажуваат својата човечност и приземност. За разлика од оние кои уживаат во гламур, луксузни автомобили и скапи ресторани, тој е многу скромен и плени со едноставноста со која зрачи.

Ѕвездата на „Матрикс“ важи за една од најскромните ликови на Холивуд, кој поголем дел од неговата заработка од најуспешните блокбастери ги донира за детски болници.

Тој е холивудски љубимец на кого парите не му се мотивација во животот. Филмовите му донесоа големо богатство, но тој не придава важност на тоа. Останува скромен и човечен и затоа е еден од најомилените актери.

Треба да знаете
Последни објави