Бугарскиот оператор за гасна мрежа „Булгартрансгаз“ соопшти дека го прекинал транспортот на природен гас за Србија и Унгарија по пукањето на гасоводот во близина на североисточното село Ветрино, објави Ројтерс. Британската агенција потсетува дека Бугарија преку својата гасоводна мрежа транспортира руски гас до Србија и Унгарија. Несреќата, која е пријавена во 3 часот по локално време, го запрела и протокот на гас кон Романија, но тој делумно е обновен утрово по 8 часот.
Од компанијата во соопштението наведуваат дека пукнатината предизвикала само материјална штета и дека екипите се веќе на лице место и работат на санирање на гасоводот.
Нормализацијата во снабдувањето со топлинска енергија за греење и подготовка на топла вода за корисниците на услугите на новосадската топлана ќе следи по нормализирањето на испораката на природен гас и стабилизацијата на техничкиот систем на топланата во Нови Сад“, соопштија од компанијата.
Истовремено, сараевскиот портал Кликс јавува дека компанијата Енергоинвест објавила дека утринава во 4 часот дошло до дефект на трасата за транспорт на гас низ Бугарија, поради што е нарушен нормалниот проток на гас кон БиХ.
„Во тек е отстранување на проблемот, но се уште не се знае кога ќе се нормализира снабдувањето“, пренесува порталот Кликс.