Аргентинскиот фудбалски интернационалец Лионел Меси откако пристигна летово во францускиот ПСЖ од Барселона не е во форма каква љубителите на најважната споредна работа на светото навикнале да го гледаат еден од најдобрите играчи на денешницата. Периодот на адаптација го нема поминато, но и се појавуваат и проблемите со повредите.
Викендов Меси поради повреда против Лил одигра само едно полувреме во меч од францускиот шампионат, а тоа ќе биде причина да не конкурира за составот на „светците“ и на утрешниот натпрервар и од ЛШ против Лајпциг. Станува збор за полесна повреда на мускулот, но тренерот Маурисио Покетино најверојатно нема да ризикува и ќе го поштеди сонародникот и од наредниот натпревар во Лига 1 по што следува пауза поради репрезентативни настапи која Меси ќе ја искористи за целосно да се рехабилитира.