Враќањето во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција на трофејниот италијански стратег Антонио Конте на Островот ја сметаат за готова работа. Во прашање се денови кога Конте ќе стави потпис на двегодишен догворо со Тотенхем кој според тамошните медиуми ќе тежи од 15 до 20 милиони фунти.
Но, приказната со Конте во Англија не завршува со седнувањето на клупата кај Тотенхем. Медиумите об јавуваат дека Конте ќе доби на располагање 150 милиони фунти за да направи тим кој ќе се бори за освојување на трофеите во Англија.
На листата со можни засилувања веќе се наредени неколку имиња на фудбалери кои настапуваат за тимовите во италијанската Серија А.
Душан Влаховиќ е прв на листата посебно по одбивањето да потпише нов договор Фиорентина. Неодамна, Џо Бароне и Даниеле Праде беа во Лондон на средба со своите колеги од Тотенхем, останува да се види дали „спарси“ се подготвени да платат 60-70 милиони евра, колку што бараат „виолетовите“. Посакувани играчи кои треба да ја засилат конкуренција во средниот ред се Марсело Брозовиќ од Интер и Франк Кеси од Милан. Двајцата ги одработуваат последните месеци од договорите со калчолигашите од Милано, а во јануари можат да бидат купени на со попуст за да не заминат на лето без пари. На листата фудбалери кои настапуваат во Италија според англиските медиумии Конте ги има и Милан Шкрињар, Стефан де Врај и Алесандро Бастони. Одредени извори пак пишуваат дека на списокот се наоѓа и двоецот на Јувентус, Федерико Киеза и Матајс де Лихт.