Актуелниот италијански фудбалски првак Интер неодмна објави дека нема да му прави проблеми на данскиот интеранционалец Кристијан Ериксен да си побара нова средина откако поради срцевиот удар кој го доживеа за време на натпревар од ЕП летово и по вградениот дефибратор со хирушка интервенција нема право да настапува на Апенинскиот полуостров.
Затоа многу веројатно во јануари тој ќе ја промени средината и ќе се пресели во клуб каде што може да игра. Клубот е спремен да го пушти Ериксен без оштета затоа што се свесни во каква ситуација се наоѓа. Сепак, треба да се напомене и дека Интер ќе добие оштета од УЕФА затоа што срцевиот удар се случило во нивно натпреварување. Кориере дело Спорт“ пишува дека Ериксен има неколку понуди, но изгледа дека најсериозен во намерата да го ангажира е неговиот поранешен клуб, холандскиот Ајакс.
Со заминувањето на Ериксен, Интер би заштедил 7.5 милиони евра колку што изнесува неговата плата.