Во ФФМ со ждрепка беа извлечени ќетвртфиналните двојки за фудбалскиот Куп на Макеоднија кои ќе се играат на 24 номеври. Во ова елиминаторна рунда барнителот на трофејот Силекс ќе се соочи во локалното дерби со штипска Брегалница. Во оваа рунда ждрепката го обезбеди и вечното дерби на мак-сцената меѓу Вардар и Пелистер. Со оглед дека овие тимови не можат да се соочат во првенствените пресметки сезонава, ова ќе биде голем предизвик за екипите и нивните навивачи. Вардар сезонава игра во второлигашката конкуренција како и кратовскиот тим Силекс, а нивните ривали Пелистер и Брегалница се во прволигашкото друштво.
Вечното дерби ќе се игра во Битола, а Силекс ќе ги прешека штипјани во Кратово. Во преостанатите две двојки, лидерот во прволигашката конкуренција Шкупи ќе гостува кај Македонија ЃП, а актуелниот шампион Шкендија од Тетово ќе ја пречека екипата на Струга ТЛ.