Битолскиот кошаркарски прволигаш Пелистер реди победи сезонава на домашната баскет-сцена, а претседателката Мери Ковачевска си поднесува оставка !? Пелистер е единствениот досега непоразен тим во Првата лига со пет победи во исто толку одиграни натпрвари, но тоа не е причина екипата која победува да продолжи да реди успеси. Денеска победничкиот тим го напушти претседателката на Бордот на директори,Ковачевск, кој е творецот на проектот со кој „зелено-белите“ се тим за највисок дострел, а сезонава дебитира во регионалната АБА2-лига. Иако образложението за заминувањето на Ковачевска се првиватни и професионални причини, неофицијално оваа одлука се доведува во врска со промените во општина Битола по локалните избори. Дојде нова локална власт, а доминантен сопственик на клубот е токму општината Битола.
Битолчани иако сезонава важат за најголем фаворит на паркетот за освојување на титулата, ги очекува неизвесен период кој треба час поскоро да го даде одговорот каков третман ќе има клубот од локалната власт.



