Верчерва се играат преостанатите осум натпревари од четирите групи од А до Д, по два од секоја, во елитното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите. Во пресрет на четвртото коло, максимален скор од по три победи во овие групи имаат Ливерпул и Ајакс и се на чекор од палсман во осминафиналето каде би им се придужиле на Баерн Минхен и Јувентус кои синоќа ја завршија таа обврска со по четири победи во своите групи и можат да ги очекуваат последните две кола без резултаски притисок.
Италијанскиот фудбалски калчолигаш Милан го има најдобриот страрт во клупската историја во Серија А. По 11. кола не знае за пораз, има скор од 10 победи и едно реми и е на делба на првото место со Наполи, но во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите резултатите им се разочарувачки. По три одиграни кола во групата Б се последно пласирани со три порази по три кола. Милан загуби од Ливерпул, Атлетико Мадрид и Порто.
Во пресрет на реванш-натпреаврите од групата, вечерва (18,45 ч.) на „Сан Сиро“ Милан го пречекува Порто, а тренерот Стефано Пиоли вели дека ова е последна шанса за неговиот тим да се приклучи во борбата за освојување на едно од првите две места во групата кои обезбедуваат пласман во нокаут-фазата.
-Пред нас е последната шанса во Лигата на шампионите. Сите во екипата се полни со самодоверба и веруваат дека може да ја поминеме групата. По првите три кола заслуживме да имаме повеќе од нула бодови, а сега против Порто имаме шанси да стигнеме до првите три бода, вели Пиоли.
Двојки и табели за 4. коло
А група
Манчестер сити – Бриж (21 ч.)
Лајпциг – ПСЖ (21 ч.)
Табела: ПСЖ 7 бода, Манчестер сити 6, Бриж 4, Лајпциг 0.
Б група
Милан – Порто (18.45 ч.)
Ливерпул – Атлетико Мадрид (21 ч.)
Табела: Ливерпул 9 бода, Атлетико Мадрид 4, Порто 4, Милан 0.
Ц група
Спортинг – Бешикташ (21 ч.)
Борусија Дортмунд – Ајакс (21 ч.)
Табела: Ајакс 9 бода, Борусија Дортмунд 6, Спортинг 3, Бешикташ 0.
Д група
Реал Мадрид – Шахтјор Донецк (18.45 ч.)
Шериф – Интер (21 ч.)
Табела: Шериф 6 бода. Реал мадрид 6, Интер 4, Шахтјор Донецк 1



