Македонската фудбалска репрезентација ќе се собере во Скопје на 8 ноември и по два дена заеднички тренинзи ќе замине за Еревана каде на 11 ноември ќе го одигра натпреварот со Ерменија, од каде по враќањето ќе продолжи да се подготвува за последниот дуел во групата со Исланд во Скопје. Последниот квалификациски натпревар е закажан за 14 ноември на Арената „Тодор Проески“. Македонија на првата средба со Ерменија во Скопје одиграна во септември ремизираше без постигнати голови (0:0), а на гостувањето во Рејкјавик кај Исланд средбата заврши без победник со по два псотигнати гола (2:2). Макеоднија на овој натпреавр прокоцка предност од два гола.
-Ќе се бориме да крајот. Не се откажуваме се додека постојат теоретски шанси за пласман во баражот. Одиме како секој натпревар до сега, да се надигруваме и победиме. Сакам тоа што го работиме да го покажеме на теренот. Македонија игра исто без разлика на противникот, оди на победа. Се надевам дека пред сè сите ќе бидат здрави и спремни да одговорат на предизвикот од тој дуел. Концентрацијата е целосно насочена кон Ерменија, противникот е добро познат. Ривалот исто така е мотивиран, има шанси исто како нас за втората позиција во групата, вели Милевски.
За направениот избор на кандидатите македонскиот селектор вели:
-Навикнати сме да се соочуваме со проблеми. Веќе претходно ни недостигаа Адеми и Барди. Под знак прашалник се Спировски и Костадинов, но ќе имаме јасна слика пред дуелите. Илиев направи операција и го чека заздравување, а останатите се речиси истите. Ние сме во фаза на градење нов тим. Од тој аспект, ги повикувам истите играчи за да го завршат циклусот до крај, а понатаму ќе работиме на создавање тим кој ќе биде заедно наредните 4-5 години, изјави Милевски.



