Милевски ќе ги финишира мундијалските квалификaции без Адеми и Николов, но со нов дебитант

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски објави списокот со 24. кандидати,сите интеранционалци, за последните два мундијалски натпревари од евро-зоната во групата со Ерменија на 11 ноември во Ереван и три дена подоцна на домашенм терен во Скопје со Исланд. Македонија е со теоретски шанси на крајот од квалификацискиот циклус во евро-зоната да стаса до втората позиција и да разигрува за пласман на завршницата во Катар.

Меѓу повиканите има еден дебитант Валон Етеми од турскиот второлигаш Истанбулспор, а недостасуваат повредените Аријан Адеми и Бобан Николов. Местото на трет голман за повредениот Дејан Илиев ќе го пополни Ристе Јанков. Сите други фудбалери се староседелци кои беа на списокот за октомврискиот двомеч. На списокот повторно нема кандидати од домашното првенство.

Новоповиканиот Етеми е фудбалер кој кариерата ја почна како бек, беше дел од Ренова, а во последно време игра како крилен напаѓач, па веќе две години е дел од Истанбулспор, а претходно беше дел од албански Кукс.

 

Треба да знаете
Последни објави