Ѓоковиќ надмина уште еден рекорд на Федерер

Првиот тенисер на АТП листата, Србионот Новак Ѓоковиќ постави нов рекорд, а последниот во низата го направи на Мастерсот во Париз надминувајќи го големиот ривал Рожер Федерер. За Ѓоковиќ победата над Мартон Фучович од Унгарија беше 418 во неговата кариера од позицијата на првото место и сега има една повеќе од Швајцарецот Федерер.

Зад овој трофеен двоец заостануваат поранешните асови во „белиот спорт“ Џими Конорс со 390 победи, Иван Лендл застана на 366, Пит Сампрас 322, а сеуште активниот од водечката тројка Шпанецот Рафаел Надал има „само“ 250 победи.

Ѓоковиќ има можност да ја зголеми предноста пред Федерер во третото коло во Париз каде го чека победникот од францускиот дуел меѓу Гаел Монфис и Адриан Манарино.

Србинот Ѓоковиќ е и рекордер по бројот на недели поминати на врвот од АТП-листата. Сега ја минува 345 недела на лидерската позиција што е за 35 повеќе пред Федерер.

Треба да знаете
Последни објави