Бритни Спирс ја обвини мајка си дека ѝ го уништила животот

Бритни Спирс ја обвинува мајка си за конзерваторскиот надзор воспоставен од страна на судот пред 13 години. Таткото на поп ѕвездата, Џејми Спирс, го имаше главниот збор за нејзините лични и финансиски работи. Но, во најновата објава на социјалните мрежи, пејачката тврди дека тоа било идеја на мајка ѝ, Лин.

„Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми е таа што му ја дала идејата“, рече таа. „Никогаш нема да ги вратам тие години… таа тајно ми го уништи животот“.

Во сега веќе избришаната објава на Инстаграм, Бритни продолжи: „Точно знаеш што направи. Татко ми не е доволно паметен за некогаш да помисли на конзерваторство, но вечерва ќе се насмеам знаејќи дека има нов живот пред мене“.

Според некои медиуми, објавата на Бритни се чини дека е поттикната од таткото Џејми, кој побара итен и безусловен прекин на конзерваторскиот надзор.

Треба да знаете
Последни објави