Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп, истакна дека е презадоволен од синоќешното издание на неговите избраници, кои со триумфот на домашен терен од 2-0 над Атлетико Мадрид обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.
Ливерпул сега има максимален ефект. По четирите одиграни кола во таканаречената „група на смртта” во која се и Милан и Порто, англискиот Ливерпул ја заврши обврската за нокаут-фазта предвреме.
– Мислам дека одигравме речиси совршен натпревар. Постигнавме голови во вистински моменти, а имавме и шанси за кои не ми е јасно како успеавме да не ги искористиме. Разбирам дека луѓето сакаа да видат уште голови, но јас сум многу задоволен, изјави Клоп.