Првиот носител на тенискиот Мастерс во Париз, Србинот Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во четвртфиналето откако Гаел Монфис го предаде мечот поради повреда на мускул од десната нога. Ѓоковиќ и Монфис требаше денеска да играат во осминафиналето, но францускиот тенисер соопшти дека лекарите не му дозволиле да игра поради повредата која ја заработил уште на почетокот од мечот со Адријан Манарино.
Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде подобриот од дуелот Камерон Нори – Тејлор Фриц.
Покрај Ѓоковиќ, пласман во четвртфиналето обезбедија Хуберт Хуркач и Џејмс Дакворт.
Хуркач во три сета со 4:6,7:5,6:2 го победи Германецот Кепфер, додека Дакворт во два сета и тоа со 7:6,6:4 беше поуспешен од Попирин.