Договорот на францускиот фудбалски интеранционалец Усман Дембеле со шпанската Барселона му завршува во јуни 2022 година. Шпанските медиуми најавувата дека напаѓачот Дембеле е подготвен да ја продолжи соработката со Барселона за помала палата за да остане на „Камп Ноу“. Со ваквиот потег Дембеле сака да му се оддолжи на клубот за довербата што ја има во него.
Дембеле важи кој важаше за еден од подобрите фудбалери, поради честите повреди не го потврди својот потенцијал во Барселона. За трпението кое во изминативе четири години го покажа клубот од „Камп Ноу“ кон негов, францускиот интернационалец сака да му возврати во тешките финасиски денови со прифаќање на помала плата, но ќе добие поголеми бонуси, кои ќе зависат и од неговите лични постигнувања како и од резултатите на клубот.