Дамиано Давид и групата чиј фронтмен е тој – „Манескин“, со победата на натпреварот за песна за Евровизија привлекоа огромно внимание на јавноста, така што ниту американската пејачка Мајли Сајрус не остана имуна на шармот и харизмата на контроверзниот Италијанец.
Имено, кога бендот направи кавер на песната „Midnight Sky“, која вообичаено ја изведува Мајли Сајрус, пејачката јавно ги пофали и истакна дека едвај чека да ги запознае членовите на италијанската музичка сензација, а странските медиуми објавија дека таа му напишала на Дамиано и била воодушевена од неговиот изглед и пеење.
Сега конечно се видоа во живо, а средбата била, можеме да кажеме, повеќе од страсна.
Мајли цело време нешто му шепотела на уво, а иако и двајцата се смееле, изгледало дека на Демиано му е малку непријатно.
Секако, не требаше многу да се прошири приказната дека пејачката е решена да го заведе згодниот Италијанец, а таа е позната по својот многу бурен љубовен живот. Имено, Мајли имаше врски и со мажи и со жени, а беше во брак со актерот Лиам Хемсфорт.