Претставници на Барселона допатуваа на преговори во Катар со клубот Ал-Сад чиј тренер е Чави Ернандез. Катарскиот клуб тврди дека не сака да го пушти Чави предвреме, но како што стојат работите разделба е готова работа. Чави изјави дека сака да се врати во Барселона.
Шпанска „Марка“ пишува дека легендата на Барселона веќе се поздравил со фудбалерите на Ал-Сад и ги известил дека наскоро се сели во Барселона. Дополнителна потврда на оваа информација на „Марка“ се фотографиите кои дел од фудбалерите на Ал-Сад ги објавија на социјалните мрежи.