Бритни Спирс ја обвинува мајка си за конзерваторскиот надзор воспоставен од страна на судот пред 13 години. Таткото на поп ѕвездата, Џејми Спирс, го имаше главниот збор за нејзините лични и финансиски работи. Но, во најновата објава на социјалните мрежи, пејачката тврди дека тоа било идеја на мајка ѝ, Лин.
„Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми е таа што му ја дала идејата“, рече таа. „Никогаш нема да ги вратам тие години… таа тајно ми го уништи животот“.
Во сега веќе избришаната објава на Инстаграм, Бритни продолжи: „Точно знаеш што направи. Татко ми не е доволно паметен за некогаш да помисли на конзерваторство, но вечерва ќе се насмеам знаејќи дека има нов живот пред мене“.
Според некои медиуми, објавата на Бритни се чини дека е поттикната од таткото Џејми, кој побара итен и безусловен прекин на конзерваторскиот надзор.