Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити пред своите гледачи го победи убедливо белгискиот Бриж со 4:1 во групата А од Лигата на шампионите и како лидер ќе влезе во последните два меча во битката за пласман во осминафиналето. За „граѓаните“ овој триумф беше многу важна, а тоа го потенцираше пред дуелот и трофејниот тренер Пеп Гвардиола.
Тој порача дека за Манчестер сити е најважниот меч во моментов, ставајќи го и пред градското дерби со Манчестер јунајтед.
-Мислам дека натпреварот против Бриж е многу поважен отколку против Јунајтед. Тоа е нашата шанса да влеземе во плеј-офот за Лигата на шампионите. Има многу натпревари во Премиер лигата, а само шест во групата од ЛШ, многу малку поради што немаме право на лош ден, изјави Гвардиола пред натпреварот.
За оваа изјава шпанскиот стручњак беше мета за критики од англиските медиуми, кои не можеа да сфатат како мечот против Бриж му е поважен од пресметката со градскиот ривал. Гвардиола не ги заборави ови критики и по мечот со Бриж зборуваше на оваа тема.
-Луѓето ме „мочаа“ затоа што реков дека натпреварот со Бриж е поважен од оној против Манчестер јунајтед и навистина беше така. Тоа е единствената вистина. Сега нашиот натпревар против Манчестер дојде на ред да е најважнот, порача Гвардиола.