Победата на Ливерпул против Атлетико Мадрид (2:0) во 4. коло од групната фаза во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите има историско значење за англискиот премиерлигаш. Тимот од „Енфилд“ стаса до најдолгата серија без пораз во својата 129-годишна историја.
Ливерпул нема пораз на последните 25 меча во сите натпреварувања. Со 18 победи и седум нерешени, фудбалерите на Клоп поставија рекорд. Последниот пораз Ливерпул го доживеа на 6 април, во четвртфиналето од Лигата на шампионите, од Реал Мадрид.