Ракометарите поразени во првата контролка против Египет во Каиро

Македонската ракометна репрезентација изгуби од Египет на првиот контролен натпревар во Каиро со 32:25.

Селекторот Кире Лазаров, сосема очекувано ги пробуваше сите можни варијанти во првата од двете пријателски средби со оваа селекција, во рамките на ЕХФ неделата.

Домашниот национален тим ја имаше резултатската контроларечиси во текот на целиот натпревар, а во второто полувреме, истата дополнително се зголемуваше, пред се благодарение на одличната одбрана на Египет, како и грешките во нашиот напад.

Најефикасни во македонските редови беа Филип Талевски со шест и Филип Кузмановски со четири голови, а голманот Никола Митревски запиша 11 одбрани.

Втората средба меѓу овие две селекции е закажана за утре, а терминот за одигрување на оваа средба ќе биде истиот како и денеска, 17:00 часот по Средноевропско време.

 

Треба да знаете
Последни објави