Фриц прво го нарече лажго, а сега му се заканува на Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер во светот, прворангираниот на АТП-листата веќе 345 недели, Србионот Новак Ѓоковиќ денеска (15,30 часот) ќе игра во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, против Американецот Тејлор Фриц, кој во пресрет на новата меѓусебна пресметка почна и психолошка битка со најдобриот тенисер.. Ѓоковиќ кој во четврфиналето стаса откако Гаел Монфис го предаде мечот без борба поради повреда имаше еден ден повеќе да се одмори пред дуелот со Фриц кој своевремено го нападна дека е лажго, а сега му се заканува дека ќе го победи.

Досега овие двајца тенисери силите ги одмериле четири пати, а посебно интересен е мечот на последното издание од Австралија опен кога српскиот тенисер и покрај проблемите со стомачните мускули успеа да победи со 3:2( 7:6, 6:4, 3:6, 4:6, 6:2). Американецот тогаш жестоко му се нафрли на Ѓоковиќ со обвинување дека ја измислил повредата поради што мечот беше во прекин, по што го загуби и го нарече го лажго !

-Мислам дека дека сум подобар во ситуации каде има тензија. Не се плажам во решавачките моменти, не играм во грч. Форхендот ми стана главно оружје во кое можам да се потпрам – вели 26. рангираниот играч на АТП листата.

Запрашан каков исход очекува од новата пресметка со Ѓоковиќ во Париз тој нема дилеми дека ќе биде нов неизвесен меч.

-Да се разбереме нема да биде лесно. Но, ова ќе биде трета наша пресметка оваа година. Првите две беа крајно неизвесни. Сега играм најдобро во својата кариера, па ако некогаш сум имал шанса тоа е сега да го победам – вели самоувероно Фриц.

Треба да знаете
Последни објави