(Видео) Навивачите на Црвена звезда му ја скршија главата на кондициониот тренер

Непријатни сцени се случија по фудбалскиот натпревар во Белград, Црвена звезда – Митјиланд (0:1) од 4. коло во групната фаза од Лига Европа, поради што српскиот шампион ќе се соочи со дисциплинците на УЕФА. Домашните навивачи незадоволни од арбитражата на унгарските судии на чело со главниот делител на правдата Тамаш Богнар фрлаа со се што им дошло при рака кон судиите. Црвена звезда го заврши натпреаврот со двајца играчи помалку.

Во оваа канонада од фрлени предмети најдебелиот крај го извлече кондициониот тренер на Црвена звезда, Италијанецот Федерико Панончи кој е погоден во главата. Панончи од ударот во главата колабирал на теренот и со напукнат череп и целиот раскрвавен заврши во болница, од каде утрово информираа дека е добар и е пуштен на домашно лекување.

 

Треба да знаете
Последни објави