(Видео) На новиот „Сантијаго Бернабеу„ покрај фудбал ќе се игра и кошарка, тенис, рагби…

Реновирањето на фудбалскиот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид кој ќе стане мултифункционален објект не е завршено. Се очекува овој проект да биде готов до крајот на  2022 година. Отворањето е планирано за 14 декември.

Клубот досега инвестираше 700 милиони евра, од кои Реал Мадрид очекува да има огромни приходи. Она што најмногу импресионира е механизмот кој тревата ја претвора во кошаркарски и тениски терени, но и сала за големи концерти, како и одржување на саеми, семинари…

Во клубот веруваат дека годишно од стадионот ќе се заработуваат дури 150 милиони евра, па ќе требаат само неколку години ова „чудо“ да се исплати.

Се очекува новиот стадион да биде и атрактивна туристичка локација во Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави