(Видео) Оклахома сезонава знае да победи само против ЛА Лејкерс

Јута со седум победи и само еден пораз е најдобар тим во досегашниот дел од кошаркарската НБА-лига. „Џезерите“ убедливо победија на гостувањето против Атланта (116:98) во еден од синоќешните пет натпревари во НБА лигата.  Атланта која беше финалист на Истокот минатата сезона, сега има скор од четири победи и пет порази. Ова беше пресметка на двајцати кошаркари од Балканов со исто презиме Богданови. Тимот на Хрватот Бојан беше поуспешен., а тој во победата учествуваше со 23 поени. Србионот Богдан Богдановиќ, пак, играше со повреден глужд. Беше под знак прашалник дали воопшто ќе настапи на овој натпревар, па дозвола доби дури по загревањето и мечот го заврши со само осум поени.

Оклахома се врати од негатива од 19 поени и со одлична игра во последната четвртина го победи Лејкерс во Лос Анџелес со 107:104. Во досегашниот дел од сезоната Оклахома одигра осум натпревари, имаат само две победи и тие се против ЛА Лејкерс. Првата беше пред седум дена на свој терен, а сега беа подобри од нив и во Лос Анџелес. Александер со 28 поени беше предводник до победата. Леброн Џејмс не играше за Лејкерс, но Ентони Дејвис постигна 29 поени, Расел Вестбрук уфрли 27 поени, а Кармело Ентони  21. Сепак учинокот на тројцата не беше доволен за победа на ЛА Лејкерс.

Бостон го изненади Мајами на гостински терен нанесувајќи му го самиот вториот пораз сезонава, со 95:78.

Резултати: Детроит – Филаделфија 98:109, Атланта – Јута 98:116, Мајами – Бостон 78:95, Феникс – Хјустон 123:111, ЛА Лејкерс – Оклахома 104:107.

Треба да знаете
Последни објави