Хрватската пеачка Нина Бадриќ гостуваше во веб серијалот „Факап“ на порталот showbuzz.hr, во кој призна дека има толку многу факапи (зае..) во животот што дури и не знае од каде да почне.
Но изборот падна на приказната за легендарниот холивудски актер и неговата покана на вечера.
-Тоа е еден од најголемите „факапи“ во мојот живот. Имав 25 години, бев дете и тогаш настапував многу во странство, бев во Монте Карло на гала вечера. И тој ме покани да излеземе и бев сигурна дека тоа е шега! Кога си млад немаш доверба. Ме виде во клубот и го испрати својот асистент и 500 пати ми кажа дека Кевин Костнер би сакал да вечера со мене. На крајот пријде новинар од Белград и ме праша што ми се случи. Но тогаш бев заљубена во еден идиот од Загреб и сега да можам да го вратам времето се разбира дека ќе одев на вечера со него, заклучи Нина и покажа заедничка фотографија, која ја чува во мобилниот телефон.