Актуелниот шампион и лидер во бундеслигаташка фудбалска конкуренција во Германија, Баерн Минхен го совлада пред своите гледачи Фрајбург (2:1) кој дури во 11. коло го претрпе првиот првенствен пораз.
„Баварците“ дојдоа до победа со головите на Горецка и на Левандовски кои стрелаа за убедливо водство по еднаш во првото и второто полувреме најавувајќи го триумфот кој со почесн гол го ублажи Хаберер. Баерн упати дури 29 удари кон голот на Фрајбург, од кои 11 беа во рамките, а само два завржија во мрежата на противникот.
Арминија Билефелд дојде до првиот триумф сезонава, откако успеа да го совлада тимот на Штутгарт на гости со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Окугава во 19. минута.
Бохум успеа да го совлада тимот на Хофенхајм, додека Волфсбург дојде до вториот триумф под водство на новиот тренер. Нмеча го постигна единствениот гол за победа над Аугзбург.



