Селта ја разочара Барселона во 96 минута !

Барселона од гостувањето во Виго кај Селта во 13. коло од шпанската Ла Лига се враќа само со освоен бод иако имаше и предност од три гола по првите 45 минути. Селта го избегна поразот со голот на Аспас во 96. минута стасувајќи до конечните 3:3.

Ваквиот конечен исход за Барселона кој доби нов тренер, легендата Чави Ернандез кој сепак не го предводеше тимот од „Камп Ноу“ е разочарувачки. Ретко кој оечкуваше ваков епилог. Ова е за прв пат по 1998 година,  Барселона да не добие натпревар кога имала предност од три гола.

Ансу Фати погоди за 0-1 по само пет минути игра, Бускетс зголеми на 0-2 за Депај во 34. минута и третпат ја затресе мрежата на Селта најавувајќи убедлив триумф. Се чинеше дека победникот е решен, но Селта Виго не се откажа. Домаќините намалија на 1-3 на стартот од вториот дел, Нолито најави неизвесен финиш во 74. минута, за Аспас во 96. минута го шокира гостинот од „Камп Ноу“.

Треба да знаете
Последни објави