Македонија ЃП го прекина победничкиот од на Шкупи

Македонија ЃП  пред своите гледачи ја прекина победничката серија на лидерот Шкупи совладувајќи го во 13. коло со 2:1.Ова е прв пораз за чаирчани по десет меча.
На средбата во Ѓорче Петров ја реши Кристијан Филиповски со погодок во 92-минута, откако во 65-тата Адем од пелан им донесе предност на „лавовите“, а Ѓорѓиевски во 65-израмни на 1-1.
Поразот на Шкупи го искористи Академија Пандев која на гостински терен го совлада Работнички со 3-0 да им се доближи на четири бода во трката за титулата.
Актуелниот првак Шкендија како гостин го доби локалното дерби во Тетово против Ренова (1:0), а со ист резултат на гости во Битола, славеше и Струга против Пелистер.
Идентични победи од 2-1 пред својата публика забежаа Брегалница против Скопје и Тиквеш против Борец.
Резултати и стрелци

Македонија ЃП – Шкупи 2:1 (Адем 65′(п), Филиповски 90’+2 – Ѓоргиевски 71′)

Пелистер – Струга ТЛ 0:1 (Малески 27′)

Ренова – Шкендија 0:1 (Гури 23′)

Работнички – Акандемија Пандев 0:3 (Крстевски 7′, Мирчевски 10′, 45′ од пенал)

Тиквеш – Борец 2:1 (Ивановски 41′(п), Христов 47′ – Љума 25′)

Брегалница – Скопје 2:1 (М. Стојанов 45′, Ѓокиќ 90’+2 – Јашароски 74′ од пенал)

Табела: Шкупи 29 бода, А. Пандев 25, Ренова 22, Бреглница 22,  Шкендија 21, Струга ТЛ 19, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Скопје 16, Борец 8, Тиквеш 7, Пелистер 4.

Треба да знаете
Последни објави