Медведев си закажа финале во Париз со Ѓоковиќ

Рускиот тенисер Данил Медведев ќе игра во финалето на Мастерс турнирот во Париз против Србионот Новак Ѓоковиќ, откако во полуфиналето во два сета го победи Александер Зверев.

Медведев титулата освоена минатата година ќе ја брани против првиот светски рекет Ѓоковиќ  гогфо пред два месеци го совлада во битката за трофејот на УС Опен и му прекина сонот за постигнување на календарски гренд-слем и прекинувајќи му ја серијата од 27 победи на гренд слем турнирите. Ова ќе биде прилика за брз реванш на Ѓоковиќ, кој сепак годината ќе ја заврши како најдобар тенисер на светот.

Вториот тенисер на АТП ранг листата одигра фузиозен меч против Зверев кого го совлада за 80 минути со 6:2,6:2.

Треба да знаете
Последни објави