Македонија ја загуби и втората контрола со Египет

Ракометната репрезентација на Макеоднија е поразена и на вториот контролен меч против Египет(31:26) кои ги одигра во Kаиро во рамките на ЕХФ неделата. Вчера првата контрола Египет ја доби со 32:25.

Македонскиот подмладен тим на денешниот натпревар добро се носеше со домаќинот Египет до пред самиот финиш од првото полувреме кога имаше и водство 11:13, по што следуваше лоша реализација во нападите, па избраниците на селекторот Роберто Гарсија Парондо направија пресврт и на одмор заминаа со 16:13. Талески со два гола на почетокот од второто полувреме ја врати Македонија во игра (16:15). На петнаесет минути пред крајот, домаќинот стаса до пет гола предност (24:19) и го најави новиот триумф. Македонија усепа да се доближи до 26:23, но немаше сила да направи пресврт.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Талески со девет гола, Цветан Кузманоски постигна седум, Мартин Велковски пет, Игор Ѓоргиев два, а Никола Костески, Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски натпреаврот го завршија со по еден погодок.

Треба да знаете
Последни објави