РБ Лајпциг ја забави Борусија во трката за врвот со Баерн

Борусија Дортмунд без својот прв стрелец во тимот, Норвежанецот Ерлинг Халанд загуби во бундеслигашката фудбалска конкуренција во 1. коло на гостувањето кај РБ Лајпциг (2:1). Нкунгу го отвори резултатот по едно големо невнимание во потесната одбрана на Борусија, по што РБ Лајпциг со предност замина на пауза.

Капитенот на „милионерите“ од Дортмунд, Марко Ројс во 52 минута на додавање од Мение  израмни на 1:1, по што РБ Лајпциг тргна во нова офанзива кој му донесе резултат во 68 минута.

Поулсен ја започна и ја заврши акцијата на РБ Лајпциг со победнички гол.

Баерн сега има четири бода повеќе во однос на Борусија Дортмунд, а Лајпциг е петти со 18 бода.

Треба да знаете
Последни објави