Челзи им даде шанса на конкурентите да му се доближат во трката за врвот

Челзи пропушти голема шанса да им побегне на конкурентиоте во трката за врвот во ангалиската фудбалска премиерлигашка конкуренција откако денеска ремизираше на домашен терен со Барнли (1:1). Натпреварот од 11. коло добро почна за „сините“ кои поведоа преку Хаверц во 33 минута, но Барнли не се предаде и во 79 минута израмни преку Видра.

Челзи и со ремиот остана првопласиран со три бода пред Мначестер сити и четири пред Ливерпул, кој својот настпреавр од ова коло ќе го одигра утре на гости кај  Вест Хем.

Кристал Палас со головите на Заха и Галахер, го совлада тимот на Вулверхемптон со 2:0.

Треба да знаете
Последни објави