„Чеканите“ хит во Премиер- Вест Хем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул

Вест Хем го победи Ливерпул во возбудлив натпревар со пет гола (3:2) и потврди дека ќе атакува на место што води во Лигата на шампионите.

„Чеканите“ предводени од менаџерот Дејвид Мојс ја забележаа и четвртата победа по ред за моментно да се наоѓаат на делба на втората позиција заедно со Манчестер сити со по 23 бодови, само три повеќе има водечкиот Челси.
За „црвените“ од Енфилд ова е прв пораз сезонава и се на четвртата позиција со 22 бодови.

Фантастичниот натпревар беше отворен со автоголот на Алисон во четвртата минута, а Александер Арнолд со гол од слободен удар израмни на 1:1 пред крајот на првиот дел.
Вест хем во 67-та минута погоди за 2-1 преку Форналс, а потоа Зума со глава по изведен корнер ја затресе мрежата на Алисон за 3-1.

Водството на домаќинот го намали Ориги, кој за момент го врати Ливерпул во игра, но екипата од „Енфилд“ не успеа да избегне пораз.

Треба да знаете
Последни објави